| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.01.2017

Мециновиќ: Пријатно сум изненаден од Пелистер

„Сум играл во повеќе екипи, но ретки се тие кои можат да се пофалат со она што го нуди Пелистер, кој прераснува во голем клуб“, вели дефанзивецот

Она што го вети раководството на Пелистер дека осетно ќе го засили својот тим, тоа и го исполни. Досега во овој зимски преоден рок ангажирани се Јасмин Мециновиќ, Баже Илијоски, Фернандо Дос Сантос Силва, Мартин Блажевски и Александар Неданоски. Токму првиот, Мециновиќ, има само пофални зборови за тоа што во изминатите две-три недели го доживеа во новата средина.
„Малку ќе биде да кажам дека сум воодушевен од новата средина. Сум играл во повеќе екипи, како во Европа така и во Македонија и верувајте дека ретки се тие кои можат да се пофалат со она што го нуди Пелистер. Нема што, битолчани прераснуваат во голем клуб. Пред сè тука мислам на организациски план, за тоа како се грижат за своите играчи и многу други работи. Тука сум две-три недели и можам да кажам дека пресреќен сум и презадоволен што и јас сум дел од Пелистер, и тоа на мое огромно задоволство. Сега ни останува нам, на играчите, да ги оствариме амбициите“, вели Јасмин Мециновиќ, дефанзивецот кој важи за едно од најголемите засилувања во Пелистер.

Во Аланија место утре ќе се оди во сабота

Поради проблеми со летовите, Пелистер и Силекс место утре, своето заминување во Турција го одложија за во сабота. Биточани ќе се подготвуваат во Аланија а кратовци во Анталија

* Повеќе читајте во печатеното издание на „Македонски спорт“



Датум: 26.01.2017, 15:07
Статијата е прочитана 3298 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense