| контакт | маркетинг

07.03.2017

Маса го почна вториот тест како најбрз

Фелипе Маса остана најбрз по првиот ден од вториот зимски тест во Барселона, откако на супер-меки гуми успеа да го донесе својот Вилијамс до круг од 1:19.726, за само 0.021 секунди послабо од најдоброто време на Валтери Ботас од првиот тест минатата недела

Маса исто така имаше најмногу кругови на патеката Каталуња (168 исто како и Себастијан Фетел во Ферари), во сосема успешен ден за тимот на Вилијамс, откако минатата недела последниот ден не се појавија на патеката поради недостаток на резервни делови по судирот на дебитантот Ленс Строл.
Трите најбрзи болиди беа во само две десетинки од секундата - Даниел Рикијардо беше на 1:19.900, најдобро време за Ред Бул на тестирањето, додека Фетел заостана само 0.006 секунди.
Шампионите Мерцедес имаа позагрижувачки ден, откако Луис Хамилтон комплетираше 49 круга во утринската сесија пред да се пожали на „состојбата“ во болидот. Неговото време од 1:20.456 на меки гуми беше четврот најбрзо, додека Валтери Ботас во попладневната сесија извозе 86 кругови.

БАРСЕЛОНА (1.ДЕН)
1.Фелипе Маса (Вилијамс) 1:19.726, 168 круга
2.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 1:19.900, 89 круга
3.Себастијан Фетел (Ферари) 1:19.906, 168 круга
4.Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:20.456, 49 круга
5.Валтери Ботас (Мерцедес) 1:20.924, 86 круга
6.Естебан Окон (Форс Индија) 1:21.347, 142 круга
7.Нико Хулкенберг (Рено) 1:21.589, 58 круга
8.Кевин Магнусен (Хас) 1:21.676, 81 круг
9.Данил Квјат (Торо Росо) 1:21.743, 83 круга
10.Штофел Фандорне (Мекларен) 1:22.537, 80 круга
11.Паскал Верлајн (Заубер) 1:23.336, 47 круга
12.Маркус Ериксон (Заубер) 1:23.630, 53 круга
13.Џолион Палмер (Рено) 1:24.790, 15 круга



Датум: 07.03.2017, 18:37
Статијата е прочитана 264 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense