| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.09.2017

Стојчевски главен на дербито за Тетово

Нашите ФИФА судии се зафатени па затоа „вториот ешалон“ ќе биде во акција за натпреварите во среда

Игор Стојчевски од Скопје ќе ја води фудбалската правда на дерби дуелот од 8. коло помеѓу екипите на Шкендија и Ренова. Така одлучи комесарот за делегирање на судии при ФФМ кој попладнево ги одреди арбитрите за вонредното коло кое се игра во среда.
Дополнителен проблем при делегирањето претставува тоа што нашите ФИФА судии имаат работна задача во Лигата на Европа па затоа „вториот ешалон“ на арбитри ќе биде во акција за дуелите кои се во среда и за кои има голем интерес од „азиските берзи“.

ШКЕНДИЈА - РЕНОВА
Главен судија: Игор Стојчевски. Помошници: Тошевски и Василевски, тројцата од Скопје.
РАБОТНИЧКИ - СИЛЕКС
Главен судија: Марјан Гоцевски (Струмица). Помошници: Новачев (Велес) и Петковски (Куманово).
ПОБЕДА - СКОПЈЕ
Главен судија: Крумислав Ѓеоргиев. Помошници: Караколев и Ѓоргиев, тројцата од Штип.
ШКУПИ - ПЕЛИСТЕР
Главен судија: Стојанче Трпчевски (Куманово). Помошници: Ширилов (Скопје) и Божиновски (Скопје).
А. ПАНДЕВ - ВАРДАР (одложена)
Главен судија: Јован Качевски (Струга). Помошници: Лика (Кичево) и Мацевски (Струга).



Датум: 25.09.2017, 14:45
Статијата е прочитана 1780 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense