| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.09.2017

Овој Вардар мора повеќе...

*Настапот на нашиот шампион во „Л“ групата во ЛЕ не смее да биде запаметен како фијаско


Вардар и во вториот меч од групната фаза во Лигата на Европа е поразен, вечерва во Трондхајм од Розенборг со 3:1. Само на моменти нашиот тим беше она што сите го сакаме од него и што го очекуваме, но овој Вардар мора и може многу повеќе. Се разбира поинаку е кога се игра со елитни клубови, кога се игра во групната фаза, но овој настап на Вардар, секако историски во секој случај, не смее да биде запаметен како фијаско. Два меча, два пораза со гол разлика 1:8. За почеток многу лошо, тоа е реалната оценка, тоа е она што реално може да се процени од мечевите со Зенит и вечерва со Розенборг. Следуваат уште четири меча, следуваат уште четири искушенија за „црвено - црните“, и на тие четири меча мора да се освои некој бод.
Време за анализа каде се греши, каде треба да се поправат работите, за да веќе на 19 октомври во Скопје против Реал Сосиедад, Вардар ја израдува домашната фудбалска јавност.
Се надеваме дека некои работи до тогаш ќе се поправат...




Датум: 28.09.2017, 22:50
Статијата е прочитана 1145 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense