| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.03.2017

ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА КАПИТЕНОТ: Пандев назначен за амбасадор на Суперкупот за 2017 година

Нашиот капитен утре ќе биде претставен како амбасадор на најголемото фудбалско случување во нашата држава за оваа, 2017 година, а тоа е Европскиот Супер Куп

Горан Пандев во својата богата биографија ќе го додаде и признанието амбасадор на Европскиот Супер куп 2017 година. Нашиот капитен на репрезентацијата утре напладне во просториите на Фудбалската федерација на Македонија точно напладне ќе биде претставен како амбасадор на овој значаен настан во светот на фудбалот.

Тој, заедно со претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски ќе имаат обраќање пред медиумите, каде што ќе бидат придружувани од секретарот на град Скопје, Маријанчо Тодоровски и директорот на националната арена, Цветко Грозданов.



Датум: 19.03.2017, 11:48
Статијата е прочитана 4141 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense