| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.04.2017

Шампионски Вардар, Работнички пролетва „гази“...

Ако ги земеме резултатите само за оваа полусезона тогаш ќе се види дека Вардар ја потврдува шампионската форма, а Работнички потсетува на своите најдобри денови. Пелистер и Победа се катастрофа пролетва, додека Шкупи се наоѓа веднаш зад водечката тројка


Во саботата се одигра 27. „Велигденско“ коло или последното од третиот круг во тековниот шампионат и сега сме на половината од пролетната полусезона. Идеален период да видиме, да анализираме како нашите прволигаши играа и какви резултати имаа во пролетната полусезона. Ако ги земеме резултатите од овие девет кола ќе видиме дека Вардар и на оваа табела е убедливо прв, следува Работнички, па Шкендија, Шкупи и потоа др.

Лидерот за малку до максимумот
Вардар ита кон новата титула и тоа ита со стил. На девет средби момците на стратегот Гоце Седлоски победија во осум наврати и освоија 24 од можните 27 бодови. Ете затоа Вардар ќе биде шампион, треба да се случи чудо од епски размери за Шкендија да го стигне во последните девет кола. Вардар во овој период ги победи и Работнички, Шкендија, Пелистер и сите други, загуби само од Победа, и тоа во Охрид.

Силниот Работнички
Ако во есенскиот дел тимот од Градски парк имаше добри резултати во текот на оваа пролет тие се одлични. Виктор Треневски и дефинитивно се покажува и докажува како голем тренер. Иако цела пролет, барем до сега игра без Кире Маркоски и Емир Сахити, тој и неговите момци се веднаш зад Вардар на оваа табела. Загубија само од Вардар, а ги победија Шкендија, Пелистер, Силекс и др.  и дојдоа до тие 18 бодови. Дури сега се гледа што значеше ангажманот на Ванче Шиков, само четири примени голови на девет средби. Импресивни се резултатите на Работнички кој на моменти во оваа пролет потсетува на своите најдобри денови.

 

ПРОЛЕТНА ТАБЕЛА
1. ВАРДАР 9 8 0 1 21:4 24
2. РАБОТНИЧКИ 9 5 3 1 11:4 18
3. ШКЕНДИЈА 9 5 2 2 17:7 17
4. ШКУПИ 9 3 4 2 9:11 13
5. РЕНОВА 9 3 3 3 9:11 12
6. СИЛЕКС 9 3 2 4 13:13 11
7. БРЕГАЛНИЦА 9 2 2 5 10:14 8
8. ПЕЛИСТЕР 9 2 2 5 8:12 8
9. ПОБЕДА 9 1 5 3 5:11 8
10. МАКЕДОНИЈА ЃП 9 0 3 6 6:22 3


*Повеќе читајте во печатеното издание на „Македонски спорт“



Датум: 18.04.2017, 11:36
Статијата е прочитана 1813 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense