| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.03.2017

Кинезите ги скараа Пандев и Џенова

Тренерот Мандорлини ја образложи причината зошто не бил повикан Македонецот на дуелот со Џенова, но италијанските медиуми пишуваат дека целиот случај има друга позадина, а тоа е понудата од кинескиот Тијанџин Теда

Горан Пандев не беше повикан за Џенова на гостувањето кај Болоња минатиот викенд. И тоа не е ништо ново кога станува збор за суспензии на играчи, затоа што тоа го има и кај далеку поголеми клубови.
Додека тренерот на Џенова, Андреа Мандорлини, ја образложува причината зошто Пандев бил изоставен од екипата на последниот натпревар, новинарите во Италија откриваат дека во сите тие несогласици има и позадина. А, таа е тоа што екипата не го пуштила Пандев да замине на Далечниот Исток во зимскиот преоден рок, од каде што имал понуда. Медиумите пишуваат дека сето ова го налутило Македонецот, а резултирало со тоа да биде изоставен од натпреварот со Болоња.

ОДБИЕНА ПОНУДАТА ОД ИСТОКОТ
Понудата за Пандев, како што се открива, доаѓа од Кина од екипата на Тијанџин Теда, од земјата која во последните неколку месеци прави фудбалски „бум“. И додека таму отидоа далеку познати имиња како Тевез, Хулк, Оскар, Џенова, веројатно, ја одбила понудата за својот напаѓач. А, Пандев имал желба да ја прифати понудата, со што сето тоа било причина за незадоволство на фудбалерот кој има само споредна улога во моментов во таборот на Џенова. 
Сето ова наводно се случувало само неколку часа пред завршување на преодниот рок во Кина, и со тоа пропаднала можноста Пандев да се пресели во Кина, со што било причина за Џенова да го „избрише“ Македонецот за средбата со Болоња.

* Прочитајте повеќе во денешното издание на „Македонски спорт“.



Датум: 08.03.2017, 10:42
Статијата е прочитана 1626 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense