| контакт | маркетинг

08.10.2017

Хамилтон најбрз на „Сузука“, новo фијаско на Ферари

Возачот на Мекларен направи голем чекор напред кон освојвување на титулата со триумфот на Големата награда на Јапонија во Формула 1

Британецот Луис Хамилтон по третпат во кариерата славеше победа на легендарната патека „Сузука“, а ја впиша осмата победа во оваа сезона и 61. во кариерата. Триумфот во Јапонија го приближи Луис до титулата затоа што најголемиот ривал во оваа сезона Себастијан Фетел од Ферари не успеа да ја заврши трката, бидејќи бргу по стартот поради дефект на болидот се повлече во гаражата.
Таквиот расплет го стави возачот на Мерцедес како фаворит за освојување на четвртата титула. А тоа може да го направи за две недели во случај на победа на Големата нагдара на Соединетите Американски Држави, а ако Фетел не биде меѓу првите петмина.
Хамилтон стартуваше од пол позицијата и имаше мирна трка, без притисок од ривалите или некакви проблеми со болидот на една од најтешките патеки во календарот на Формула 1. Единствениот притисок го почувствува по заминувањето на бокс, а потоа му се приближи на клупскиот колега Валтери Ботас, а на грбот го имаше Макс Ферстапен од Ред Бул.
Но Ботас го пушти Хамилтон да го претекне и потоа се беше полесно затоа што најблискиот ривал Ферстапен го остави позади за повеќе од една секунда. Холанѓанецот заврши втор, а трет беше Даниел Рикијардо од Ред Бул заостануваше повеќе од девет секунди.
Другиот возач на Ферари Кими Раиконен заврши на петтото место со дури 32,6 секунди послабо време од времето на  победникот.


 



Датум: 08.10.2017, 12:25
Статијата е прочитана 574 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense