| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.12.2017

Стошиќ: Желба ми е македонскиот национален тим

*Иако имав проблеми со повреди, сега сум фит и настапувам за Карлсруе. Досега не ми е пружана шанса да настапувам за македонскиот национален тим, но има  желба за тоа – вели Денис Стошиќ, момчето кое е по потекло од Куманово.

Денис Стошиќ е уште едно момче во низата кое во моментов е потенцијален нов македонски репрезентативец. Дефанзивецот на германски Карлсруе во моментов направи кам – бек од тешка повреда на лигаментите, која за среќа не остави големи последици. Напротив, Стошиќ веќе цела полусезона е дел од тимот, и настапува засега за втората екипа.
Тој е роден на 27. фебруари. 1999 година во Германија и има двојно државјанство. По кратниот престој во помал аматерски клуд, односно во Штудгартер Кикерс, преминува во еден од најголемите клубови за младионски актегории во Германија, Хофенхајм, Таму тој го има фудбалскиот развој и пат се до пред една година, кога преку тимот на Ален, стигнува до Карлсруе. Иако има полна минутажа во тимот на Хофенхајм и освојува бројни трофеи со него. Сепак, повредата на вкрстените лигаменти го тера да паузира извесен период, по што мора да ги промении клубските бои.
„Морав да пронајдам клуб, каде што по повредата ќе имам полна минутажа, за да можам да се вратам во форма. Задоволен сум во моментов што сум дел од тим кој ми дава шанса да се вратам во полн ритам“ - вели Стошиќ и додава.
„Македонскиот национален дрес одсекогаш ми бил желба. Имав пауза, но сега сум во топ физичка форма. Доколку македонската федерација односно репрезентација ми испрати повик, со задоволство ќе го прифатам„ - вели Стошиќ кој во фебруари ќе наполни 19. години.
Нашите пак информации велат дека ФФМ веќе извесен период е во контакт со Стошиќ и дека се добро запознаени со неговите квалитети.


 



Датум: 24.12.2017, 09:54
Статијата е прочитана 2123 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense