| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.03.2017

Црна Гора предизвик за „новаците“

Досега немаме ниту загубени ниту примено гол против овој ривал. Традицијата нека продолжи, а селекторот Милевски нека одбере на кого ќе смета во следниот квалификациски циклус

Во сенка на сето она што ќе се случува во јуни со нашата У21 репрезентација и настапот на европскиот шампионат во Полска, следната генерација која ќе настапи на есенските квалификации денеска ќе го има првиот меѓународен тест меч. Избраниците на Милевски во 14 часот излегуваат на мегдан против Црна Гора стандарден противник за нас во вакви ситуации. Скорот со нив ни е перфектен пет од пет и затоа од нашиот табор се оптимисти пред денешниот меч.
„Натпреварот со Црна Гора пред сè ќе биде показател за психолошката подготвеност на фудбалерите да покажат дека можат да се носат со притисокот кој го носи еден ваков натпревар со противник кој е подобро рангиран од нашата селекција. Верувам дека фудбалерите ќе го покажат својот квалитет и односот кон репрезентацијата ќе им биде на највисокото ниво“ - вели селекторот Милевски уште еднаш потенцирајќи дека меѓународниот рејтинг на селекциите е исклучително важен.
„Поголемиот дел од играчите во составот во своите нозе веќе имаат натпревари од европските квалификации и затоа во моментов се во предност пред останатите. Но, секој што ќе добие шанса мора да го потврди квалитетот на теренот, на нив самите е дали ќе го задржат местото во репрезентацијата. Финалното селектирање за фудбалерите кои ќе ги почнат квалификациите за ЕП во Италија претставува натпреварот со Црна Гора“ -  додава нашиот селектор.

* Поопширно во денешното издание на „Македонски спорт“.



Датум: 24.03.2017, 11:16
Статијата е прочитана 712 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense