| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.12.2017

Вардар бара Куп пролет, Шкупи во одбрана на 1:1

Чаирскиот тим на „неутрален“ терен во Ѓорче Петров има прилика да го елиминира првакот од Купот кој што го нема „видено“ трофејот цели 10 години. Вардар ќе мора да постигне гол ако сака да избегне елиминација

Со реваншот од 1/8 финалето од Купот на Македонија, завршуваат официјалните натпревари на сите наши прволигаши за оваа година. Шкупи ќе го пречека Вардар на неутрален терен, на стадионот во Ѓорче Петров каде што пред две недели одигра нерешено со даден гол. Не можеше да биде подобро за чаирската екипа која што сезонава му прави огромни проблеми сезонава на првакот. Го победи на „Чаир“ и ќе беше многу поинаку да се играше таму. Но, теренот не дозволува такво нешто, нема услови, и затоа ќе се игра во Ѓорче Петров.
Вардар, пак, од друга страна ќе мора како знае и умее да помине, затоа што Купот веројатно е единствената голема шанса за трофеј сезонава, имајќи во предвид дека во првенството Вардарци веќе заостануваат многу зад Шкендија, и ќе треба да се надминат себе си, односно да немаат повеќе од два „кикса“, а во меѓусебните дуели да го победат тетовскиот тим за и четврт пат по ред ја освојат шампионската титула.

ЈАШАРОСКИ: ПОКАЖАВМЕ ДЕКА МОЖЕМЕ

Шкупи има мала предност по првиот меч после одиграните 1:1 на „гостински“ терен. Во некоја мера и без голови му одговара на чаирскиот состав на утрешниот меч.
„После првиот меч и за нас позитивен резултат, ќе одиме да ги одбраниме тие 1:1, но секако дека ќе одиме да постигнеме гол, иако ни одговора и 0:0. Не води атмосфера после победата во првенството на „Чаир“. Со тоа видовме дека можеме со Вардар, згора на тие сме пооодморени од нив. Се надеваме дека ќе извадиме резултат кој што ќе не однесе во следното коло. Мотивирани сме и сакаме да ги израдуваме нашите навивачи „Шверцери“ кои ќе дојдат да не бодрат. Мал хендикеп е тоа што играме во Ѓорче Петров а на Чаир, но добро е што публиката ќе биде на наша страна и што ќе имаме мотив плус за добар резултат“, смета Јашароски.

ВЕЛКОВСКИ: КАКО ЗНАЕМЕ ДА ПОМИНЕМЕ

Вардарци се свесни дека за да имаат надеж за да поминат, ќе мора да постигнат гол на утрешната средба со Шкупи.
„Најпрво добро е што го сменија теренот. На Чаир немаше никакви услови за игра. Ниту Ѓорче Петров не е којзнае што, но сигурно е подобар од тој на Чаир. Ќе мораме да најдеме начин како знаеме и умееме да поминеме понатаму и со успех да ја завршиме есенската полусезона. Игравме 10 натпревари повеќе од сите, и навистина ова беше тешка есен. Но мора да се издржи, останува само овој натпревар. Знаеме дека ќе мораме да дадеме гол, и тоа што побрзо тоа подобро за нас. Се надевам на победа“, вели Дарко Велковски, дефанзивецот на првакот.



Датум: 17.12.2017, 10:50
Статијата е прочитана 420 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense