| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.08.2017

Седлоски по историја со три напаѓачи

Вардар против Копенхаген за околу час и половина ќе настапи со тројца напаѓачи, Балотели, Барсегјан и Којашевиќ

Вардар за околу час и половина ќе го започне најважниот натпревар во последните дваесетина години. Го игра реваншот од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите против Копенхаген на гостински терен. Нашиот шампион ќе брани водство од првиот меч од 1:0, но ќе брани само на хартија. На терен, ќе нападне со тројца напаѓачи, односно со херојот од првиот меч Балотели, а друштво ќе му прават Барсегјан и Којашевиќ.

Којашевиќ едниствена замена од Скопје
Токму црногорецот е единствената измена од мечот одигран во Скопје. Тука стартуваше Дејан Блажевски, а овојпат Седлоски се одлучи за црногорскиот интернационалец.

ВАРДАР: Гачевски, Хамбарѕумјан, Новак, Грнрчаров, Демири, Николов, Спировски, Фелипе, Барсегјан, Балотели и Којашевиќ


 



Датум: 02.08.2017, 18:41
Статијата е прочитана 752 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
11.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense