| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.10.2017

Ноќ на рекорди во Струмица


Убаво е кога се победува, убаво е кога се рушат рекорди. На ФИФА ранг листата ќе бидеме некаде околу 85 место

Македонија вечерва го заврши квалификацискиот циклус за СП во Русија 2018 година со победа над Лихтештајн од 4:0. Го направија тоа момците на селекторот Игор Ангеловски со стил. Како прво не сме победиле во квалификациите одамна со вака убедлив резултат. Како второ Пандев го одигра својот 91 меч во дресот со националниот грб. Да не заборавиме на Александар Трајковски кој е во импозантна серија од три голови на три меча по ред во квалификациски натпревари. Тоа пред него никој не го сторил кога станува збор за нашата најдобра фудбалска репрезентација. Како никогаш досега немаме негативна гол разлика, таа е 15 примени и исто толку постигнати голови. Само да потсетиме дека Албанија и Израел се пред нас но со негативна гол разлика. Освовме 11 бодови, тоа е трет резултат во историјата на самостојна Македонија. Ако имавме барем малку среќа на претходните мечеви, со Израел дома, со Албанија таму и дома, со Италија дома, секако дека ќе бевме трети во групата со 15 или 16 бодови, што ќе беше супер.

Да додадеме дека со гол се врати Адеми, своите први голови ги постигнаа Муслиу и Барди. И за крај да кажеме  дека на последните четири меча во квалификациите, не само што не загубивме ниту еднаш, туку освоиме цели 8 бодови.
Веројатно има штоф во оваа селекција на Игор Ангеловски која просто треба да експлодира во наредниот циклус.
Секако сосема за крај да напоменеме дека по ремито со Италија и со победата над Лихтенштајн, Македонија ќе се најде некаде на околу 85 место на ФИФА листата, а до неодамна бевме на 165 место.




Датум: 09.10.2017, 23:48
Статијата е прочитана 1858 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense