| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.09.2017

Нема Лига на Европа за Максимов!?

Тракаи го оспорува трансферот и не дозволува издавање на сертификат за трансфер на играчот. Вардар уредно сака да ја плати клаузулата на неговиот договор. Сега решението ќе се бара кај ФИФА


Максим Максимов не може да биде официјализиран за настап во дресот на Вардар. Неговиот клуб Тракаи го оспорува трансферот и не дозволува издавање на сертификат, па случајот оди кај ФИФА. Вардар сака да ја плати клаузулата на договорот која изнесува 50.000 евра, но од литванскиот тим кажуваат се, а молчат токму за таа ставка од неговиот договор.
Па така Максимов е „спорен“. Иако беше промовиран, засега не може да го облече дресот на Вардар. Барем не додека не се реши спорот и не пристигне сертификатот од литванската фудбалска федерација. А, тој засега не е стигнат и тука е проблемот што се уште нема регистрација на играчот.

Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 04.09.2017, 08:41
Статијата е прочитана 5654 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense