| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.09.2017

Поништен гол, статива но на полувреме е 0:0

Кире Ристевски ја тресе мрежата на Израел но голот е поништен поради офсајд. Стоперот Цедек ја погоди сопствената статива

Израел и Македонија одиграа без голови по првите 45 минути во Хаифа.Квалификациската пресметка во која домашните се големи фаворити барем по првиот дел е во наша полза. Штета што на семафорот стои 0:0 затоа што ние сме тие кои беа поблиску до водство.
Постигнавме гол во 20 минута. Алиоски нафрли од скратен корнер, Кире Ристевски ја тресе мрежата но помошниот арбиотар виде офсајд. Несторовски ми сметал на домашниот голман.  Потоа се тресеше стативата на Израел. Алиоски повторно нафрла а Цедек бие во сопствениот дирек.
Македонија е активна, игра и се заканува. Израел имаше само една шанса и тоа преку Бен Хаим во 27 минута кога Димитриевски беше одличен.
Како одминува времето така нашите фудбалери се поопасни по голот на Израел. Младите се супер!!!



Датум: 02.09.2017, 21:35
Статијата е прочитана 404 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense