| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.09.2017

Никнува ново „ТУМБЕ КАФЕ“


Битола долго го посакуваше новиот стадион и многу бргу, можеби за година - две, ќе го добие.

И тоа на задоволство на сите љубители на фудбалот во градот на конзулите но и на сите искрени фудбалски фанови во Македонија. Деновиве се засилуваат градежните работи на стадионот под „Тумбе Кафе“, никнува новата трибина која се гради на местото на онаа старата. Пред две недели информиравме дека зад головите во блиска иднина ќе се градат и монтажни трибини, налик на оние во Струмица на „Младост“, тие ќе се градат со помош на Фудбалската Федерација на Македонија.

Кога се ова ќе биде готово Битола ќе добие навистина модерен стадион со трибини чиј капацитет ќе изнесува околу 11.000 гледачи. Сосема доволно за натпреварите на Пелистер а којзнае, и за натпреварите на нашата младинска селекциција но и на онаа најдобрата, А репрезентацијата. Но за тоа потоа...



Датум: 23.09.2017, 12:27
Статијата е прочитана 2864 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense