| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.02.2017

Китановски продолжува во Истра

Томе Китановски својата кариера ќе ја продолжи во хрвватскиот прволигаш Истра.

Дефанзивецот веќе се наоѓа во Пула и тренира со тимот, а се очекува во текот на денешниот ден, најдоцна утре да потпише договор. Китановски има понуда од 1.5 годишна верност кон клубот што секако би требало да ја прифати.
Во клубот тој би требало да биде стоперски тандем заедно со Ристо Митревски кој со успех настапува во овој клуб и заедно да се обидат да ги исполнат зацртаните цели. Негоа природна позиција е бековската, но може да одговори и на стоперското место.
Битолчанецот ја започна својата кариера во Пелистер секако, а потоа по кратката одисеја во романската Универзитатеа Крајова, престојуваше во Србија каде што играше за Вождовац односно Младост Лучани.



Датум: 10.02.2017, 11:24
Статијата е прочитана 2092 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense