| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

31.08.2017

Стоименовски и Миовски со Карабах во ЛШ


Двајцата играчи ќе заминат на едногодишна позајмица во Карабах, односно во младинскиот состав со кој ќе бидат дел од Лигата на шампионите во младинска конкуренција

Оливер Стоименовски и Бојан Миовски, двата члена на Работнички својата кариера ќе ја продолжат во Азербејџан каде што идната сезона како позајмени фудбалери ќе настапуваат за екипата на Карабах. Младите фудбалери заминуваат во клубот кој е дел од младинската Лига на шамиони годинава, и посакува што подобро да се засили за оваа силна конкуренција. Во таа насока е и доведувањето на наѓите двајца ултра перспективни млади фудбалери кои се со статус на младински репрезентативци во моментов.
Само за потсетување нашиот искусен стратег за младински категории, Борче Христов неодамна доби значајна функција во академијата на Карабах, па и не треба да изненади што токму македонски фудбалери го засилија клубот пред важните натпревари.

МОЖНОСТ ЗА ОТКУПУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Од она што го дознаваме, двајцата млади фудбалери заминуваат на едногодишна позајмица, а азербејџанците по истекот на позајмицата ќе имаат можност доколку сакаат да ги откупат нивните договори.
Според планираното, Стоименовски и Миовски ќе бидат дел од младинскиот состав, но и на Б екипата на Карабах, и ќе земат активно учевство во двете конкуренции. Во моментов Стоименовски има 18. години, и беше дел од кадетскиот состав на Работнички изминатата сезона, иако тренираш спорадично дури и со првиот тим, а Миовски е дете на Брегалница кое пристигна во Дебар Маало пред неполни два месеци.



Датум: 31.08.2017, 11:34
Статијата е прочитана 2114 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense