| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.09.2017


Клубовите „набилдаа“ еврокоефициенти


*Евросезоната 2017-2018 е најуспешна во нашата историја. Кога ќе заврши со својот настап во ЛЕ, Вардар ќе има 10-11 коефициент, што ќе биде рекорд, а и Шкендија и Работнички го зголемија коефициентот.


Иако сѐ уште не е завршена, групите штотуку почнаа, сепак, можеме да кажеме дека оваа 2017-2018 сезона во фудбалска Европа на клупски план е најдобрата во историјата за нашиот фудбал, односно за нашите екипи. Да се потсетиме дека Вардар се пласираше во групната фаза од Лигата на Европа, Шкендија пак и оваа година дојде до плејофот на истото натпреварување, Работнички пак мина едно коло, додека само Пелистер беше елиминиран. Што е најважно, со овие успеси, нашите клубови, тука, пред сѐ, мислиме на Вардар, Шкендија и на Работнички, си го „набилдаа“ својот коефициент.


Вардар двојно ќе го зголеми коефициентот

 Кога тргна во јули во оваа евроодисеја, Вардар тргна со коефициент од 5.125. Официјално УЕФА не ги внесува досегашните поени, тоа ќе го прави кога вардарци ќе завршат со натпреварувањето, но се очекува првакот да стигне до историски 10 или 11 коефицент.


Шкендија е близу 5.000 коефициент


Само успесите носат подобар ранкинг, подобар коефициент. Пред три години, пред двомечот со Абердин, Шкендија едвај имаше коефициент 2.000. Но следуваа две фанастични евролета за тетовци, и лани и оваа година тие стигнаа до плејофот и тој ранкинг или рејтинг е двојно поголем и сега изнесува 4.950 или за малку 5.000. Со овој коефициент, Шкендија сигурно дека во следното претставување во Европа, ако одново игра во Лигата на Европа, за прв пат во својата историја ќе биде носител. Да кажеме дека Шкендија оваа сезона тргна во поход со коефициент 3.375.


Работнички со две победи стигна до 4.700


Работнички и оваа година играше во Европа, одигра четири меча, победи на два, еднаш одигра нерешено и еднаш загуби. Сосема доволно и клубот од Градскиот парк да го зголеми својот коефициент од 3.875 до актуелни 4.700.

Македонија е 37. место на листата на држави

Секако дека кога им оди на клубовите, тогаш и државата или националниот коефициент ќе биде поголем. Па така, Македонија сега се наоѓа на 37. место во Европа, а националниот коефициент е 7.250. Моментално сме пред такви земји како Финска, Р. Ирска, БиХ, Летонија, Литванија, Црна Гора, Ерменија.



Датум: 27.09.2017, 11:24
Статијата е прочитана 1424 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense