| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.01.2018

Ивановски „стрела“, Китановски со „укор“

Напаѓачот постигна четири гола за пријателската против словенечкиот тим Бриње, а Китановски поради глупост доби укор од тренерот Томислав Ивковиќ.

Македонците во таборот на Славен Белупо се во центарот на вниманието на стартот на подготовките. Мирко Ивановски на мечот против словенечкиот третолигаш Бриње постигна четири гола во триумфот од 8:0. На спротивната страна од теренот Томе Китановски пак го имаше своето деби за клубот кој го доведе пред само неколку дена. При самиот крај на мечот Китановски направи непотребен прекршок пред својот шеснаесетник и остро реагираше кон судијата. Тренерот на Славен, Томислав Ивковиќ веднаш стана од клупа го повика Китановски и му одржа лекција дека тоа во клуб како Славен не смее да се случува.



Датум: 17.01.2018, 13:54
Статијата е прочитана 584 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense