| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.03.2017

На Вуковиќ му треба време

Дојде како големо засилување, на три натпревари не покажа којзнае што, но на Иван Вуковиќ му треба време

Прва желба беше Баже Илијоски, потоа сè речиси беше готово со Марјан Алтипармаковски, имаше преговори и со Матија Смрекар, но на крај клубот од Градски парк се реши во последниот ден од зимскиот преоден рок да го ангажира Иван Вуковиќ, интернационалецот од Црна Гора, искусен шпиц со големо CV зад себе. Тренерот Виктор Треневски веднаш кажа дека не се очекуваат чуда од Вуковиќ, барем не на почетокот. И еве по три кола тој не покажува којзнае што, така барем се вели во домашната фудбалска јавност, и тоа, особено по саботниот настап на мечот со Ренова кога не реализира 200% шанса за гол. И лесно да се критикува, лесно е да се даваат забелешки, но факт е дека од него допрва се очекуваат добри игри, голови со кои Работнички ќе победува. Вуковиќ е одличен фудбалер, но му треба време да се подготви, и физички и психички. Можеби не ја реши Ренова, но кој гарантира дека тој тоа нема да го направи на наредните мечеви кога ќе биде најпотребно.

* Прочитајте повеќе во денешното издание на „Македонски спорт“.



Датум: 08.03.2017, 14:12
Статијата е прочитана 941 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense