| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.02.2017

Ејупи и Тричковски повторно „стрелаа“

Музафер Ејупи имаше асистенција и гол за Осиек, но Стефан Ристовски и Леонард Жута ја однесоа победата за Риека со 3:2 триумфот. Иван Тричковски пак, повторно стрелаше за АЕК Ларнака во 4:2 победата над Омонија во кипарскиот шампионат

Најпрво Риека водеше со голот на Гаврановиќ, па израмни Лепа со асистенција на Ејупи, а потоа нашиот интернационалец погоди за 2:1 за Осиек. Резултат што беше важечки по првиот дел. Но, гостите со право се надеваат на титула и прекин на 11-годишната доминација на Динамо Загреб, а тоа го потврдија со одлична игра во второто полувреме.
Тричковски пак, го постигна третиот гол за неговите АЕК во мечот со Омонија за 3:0 водство, по што гостите успеаја да стигнат до намалување на резултатот на 4:2. АЕК Ларнака останува на третото место во кипарскиот шампионат со 4 поени заостанување зад АПОЕЛ.



Датум: 19.02.2017, 17:31
Статијата е прочитана 1381 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense