| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.02.2018

Харуна „слета“ во Вардар на проба

Нигериецот се приклучи на подготовките на екипата во Анталија

Лукман Харуна, најавеното ново засилување на средниот ред на Вардар, пристигна во Анталија. Тој се приклучи на подготовките на екипата во Белек, но пред да биде ставен потписот, играчот ќе мине на проба. Веројатно ќе игра на двата натпревари на Вардар, како на денешниот со Словачко, така и на утрешниот против Дукла.

Вардар нема многу време да размислува, затоа ќе треба брзо да донесе одлука. Харуна играл во Динамо Киев, заедно со Горан Попов.

Второто најавено засилување Кларенс Битанг треба во текот на денешниот или утрешниот ден да стигне во Анталија. Камерунецот доаѓа директно на потпис, односно тој нема да биде „тестиран“ од страна на стручниот штаб на „црвено-црните“.

 



Датум: 03.02.2018, 12:24
Статијата е прочитана 802 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense