| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.04.2017

Пелистер вели: Време e за победа

Пелистер и Победа имаат повеќедецениска заедничка историја. Уште еден нивен дуел кој носи резултатска неизвесност и продолжување на ривалитетот.

Локални дерби средби во Македонија има многу. Едно од нив секако е она помеѓу Победа и Пелистер. Повеќедецениско исплреплетено со многу впечатливи моменти, историски дуели кои се прераскажуваат од генерација на генерација. И обата тима имаа среќа да нивниот следен дуел кој се игра викендов се игра на стадионот на Пелистер, „Тумбе кафе“. Јавноста знае колку овие два тима се мачеа со проблемот наречен домашен терен, па податокот дека Пелистер дуелот го организира навистина дома е секако дека е и повеќе од позитивен.
Таму не е само до теренот. Пелистер е финалист во националниот куп. Конечно заврши црната серија, Шенсои и неговите избраници победија. е сега истото треба да го сторат и во шампионатот. Ако веќе главниот проблем беше теренот сега тоа веќе не е тема. Покажаа во купот, сега е време за шампионатот.

СТАРИ РИВАЛИ НА ДОБРО ПОЗНАТО МЕСТО
Така е. Битолчани шест меча немаат триумф, на истите нанижаа пет порази и само едно реми. Осовен е само еден единствен бод. Тоа за екипа која има европски амбиции не само што е поразително туку е и предупредувачки. Настрана сите проблеми со кои се соочи Пелистер периодов, тоа сепак не смееше да се случи. Сега е на ред меч против Победа. А против неа, што да се очекува освен Победа. Битолчани посакуваа триумф за да им се врати позитивната атмосфера и тоа ете се случи во купот. Пелистер ги има сите предуслови да им се врати на победите и во првенството и да ги возобнови амбициите за Европа и преку ова натпреварување.

ПРИЛЕПЧАНИ МИСЛАТ САМО НА ОПСТАНОК
Екипата на Победа е во позиција да се бори за гол прволигашки живот, за опстанок. Според тоа, и на утрешниот натпревар во Битола ќе мора да се обиде да земе барем бод, да го зголеми бодовното салдо. Само позитивен резултат може да ја подигне или задржи на повисоко ниво атмосферата по серијата нерешени натпревари, завршена со поразот во Тетово од Ренова. Од друга страна, играта од последниот исход е ветувачка. Прилепскиот тим има добра игра, ссоздава многу шанси, а единствен проблем е реализацијата. Овој недостаток ако биде решен под Тумбе Кафе, сигурно дека и резултатот ќе биде по мерка. Без оглед на квалитетот што го поседува домаќинот, а тоа се гледа и во пласманот на табелата, сепак утре е пелагониско дерби и секаков исход е можен. Во врска со дуелите против битолчаните, за Победа беше охрабрувачки последниот дуел есеноска кога беше нерешено. Можеби и тоа е некој знак дека може да се сврте нова страница на утрешниот меч.
Останува да се види со каков состав ќе се спротивстави тренерот Зоран Штерјовски. Екипа што губи обично се менува, а Победа иако загуби на последниот меч остави добар впечаток



Датум: 23.04.2017, 11:34
Статијата е прочитана 934 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense