| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.02.2018

За малку ќе гледавме лига на европа на пролет на „Арената“!?

Партизан требаше да го пречека составот на Плзен во Скопје, меѓутоа во последен момент е сменета одлуката

Иако имаше опасност Партизан првиот меч од 1/16 финалето во Лигата на Европа против Викторија Плзен да го одигра пред празни трибините, сепак, УЕФА изрече само парична казна. Но опасноста ни тогаш не помина, затоа што УЕФА беше во инспекција на стадионот на оваа екипа во Белград. Примети дека не се безбедни влезовите на овој стадион, со што на клубот му беше наредено да направи нови, или ќе игра натпревари во Софија или во Скопје.

За среќа на навивачите на Партизан, влезните врати се сменети, а сето тоа го чинеше белградскиот тим 600.000 евра.

„Ни рекоа ако не бидат сменети капиите на стадионот, дека ќе мораме натпреварот да го играме во Бугарија или во Македонија“, изјавил Милош Вазура, генералниот директор на ФК Партизан.

Една од опциите била „Арената“ која што имаше можност да гледа натпреварите од Лигата на Европа во есенскиот дел со оглед дека Вардар беше учесник во групната фаза, и стадионот го помина „тестот“, исто како и со организацијата на УЕФА Супер-Купот.

Меѓутоа, за жал, на пролет на стадионот во Скопје ќе се играат само домашни натпревари и мечеви на репрезентациите на нашата земја.



Датум: 01.02.2018, 09:34
Статијата е прочитана 1899 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense