| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.12.2017

Вардар сепак е најслаб тим во ЛЕ

Бројките кажуваат дека Вардар е најслабиот тим во групната фаза од сите 48 клубови

Oва беше историски настап на Вардар во групната фаза во ЛЕ. На никој пред Вардар од македонските клубови тоа не му успеа, и секоја чест за тоа. Но ако се оценува според бројките, а тие не лажат, тогаш, Вардар е најслабиот тим во ЛЕ која заврши вечерва со одиграните натпревари од 6. коло. Во Л групата Вардар освои само еден бод, постигна само три голови. Само Вардар, Аполон и Злин во своите групи не победија, но тие имаат повеќе ремија. Вардар со тие три голови е подобар само од Аполон и Макаби, но што фајде кога тие имаат повеќе бодови.
Реално од Вардар, иако дебитант, се очекуваше многу повеќе од тие нула победи, едно реми и пет порази со негативна гол разлика 3:20 и освоен само еден бод. Во конкуренција на Зенит, Сосиедад и Розенборг се очекуваше нешто повеќе, ако се знае како Вардар го мина еден Фенербахче.
Сепак не смееме да заборавиме дека имавме Европски Вардар цели шест месеци, никој претходно тоа го нема сторено. Едноставно Врадар вечно ќе биде прв на кого тоа му успеало.
Но останува онаа мала горчина по сите оние силни порази во групната фаза... 



Датум: 08.12.2017, 00:37
Статијата е прочитана 1722 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense