| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ


22.09.2017

Барди: Го живеам фудбалскиот сон

Не можам да поверувам ниту на самиот себеси дека ова сум токму јас. Голови од слободен удар во шпанска Примера. Погодоток во вистинско време, сега одиме на Целта Виго – вели македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди.

„Еве ме фаќаш пред да влезам на тренинг“  - ни рече Енис Барди утринава, само десетина часови откако го постигна еден од најубавите голови во шпанската Примера синоќа против Реал Сосиедад. Професионалниот фудбалски живот е немилосрден и по вечерашниот дуел, Барди утринава повторно е на тренинг.
„Се будам утринава и си велам, па дали сум јас тој кој постигнува евро голови во шпанска примера. Го живеам фудбалскиот сон во моментов навистина. Не може да биде подобро. Играме одлично како тим, немаме пораз, јас постигнувам голови. Неверојатно навистина. Голот е во вистински момент, не сакам повеќе да коментирам зошто“ - вели Барди и додава.
„Нема време за славење, за размислување што се случило. Одиме в понеделник на Бетис, екипата која го победи Реал Мадрид“ - завршува Барди.

 



Датум: 22.09.2017, 10:52
Статијата е прочитана 1323 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense