| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.08.2017

Барди одигра 70. минути на своето деби во Примера

Македонецот вечерва го имаше својот прв настап за Леванте во шпанскиот шампионат

Енис Барди беше стартер за својот тим во дуелот со Виљареал. Изведе неколку корнери, и беше прва замена за Леванте во 70. минута. Натпреварот до тогаш беше без голови, а во самиот финиш од средбата соиграчите на Барди дојдоа до трите бода со гол од белата точка, поточно во 90. минута.

После три години пауза, Македонија има претставник во Примера. Последен пат Столе Димитриевски беше дел од Гранада во дуел со Депортиво, што беше прв и единствен пат голманот да игра во шпанската „елита“.



Датум: 21.08.2017, 22:08
Статијата е прочитана 1259 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense