| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.07.2017

Земјотрес фудбалски - Вардар!

Победата над ФЦ Копенхаген го крена „црвено-црниот“ дел на Скопје. Главниот град и Македонија се радуваат. Утре е 26 јули! Денот на Скопје, на земјотресот - сега престолнината се тресе за фудбал.

Полна Арена, добра игра и голема победа. Ова и дефинитиво е летото вардарово... Вардар со убави 1:0 патува кон Данска на Илинден. Коцките се поклопуваат во корист на првакот. Вардар гледа кон ѕвездите од Лигата на шампионите, но таа мисија е далечна и се уште далечна. Има уште многу, треба да се „преживее Копехнаген“. Радува ставот и размислувањето на Гоце Седлоски. „Одиме во Данска да дадеме гол...“.
Само со таква мисла, само со единство може да се постигне невозможното. Некои уште не се свесни што прави Вардар. Го елиминира Малме со буџет од 25.000.000 милиони евра, а еве сега го победи и Копенхаген кој има буџет од 30.000.000 евра.
Големите ѕверки барем засега му се поклонија на „црвено-црниот“ тим од Скопје.  А Скопје е гладен за фудбал, за елитен фудбал. Максимумот беше исполнет вечерва. Победата е заслужена, насмевките оправдани. Скопје се радува, а утре е 26 јули. Денот кога во 1963 година удри катастрофалниот земјотрес. Сега е време за фудбалски земјотрес и спортско задоволство. Затоа Вардаре... Играј и во Данска за овој народ. Таму кон крајот на август ќе имате 35.000 гледачи на Арената! Нема цена оваа радост на овие навивачи. Тоа е бесценето, тоа не се купува со пари...!




Датум: 25.07.2017, 22:58
Статијата е прочитана 3109 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense