| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.02.2018


Вардар остана и без „бисерите“ но и без милиони

*Чудно и нереално е од Вардар младинските репрезентативци да си заминат, а клубот да не заработи речиси „ништо“. Вардарци заработија само 100.000 евра, иако во зимскиот преоден рок си заминаа многумина младински репрезентативци. Петар Петковски, Висар Муслиу, Бобан Николов, Бесир Демири не се повеќе во таборот на првакот, но тимот не виде заработка од нивните заминувања

 

Не беше ништо чудно во фактот што за неколку играчи на Вардар во текот на овој преоден рок имаше голем интерес. Затоа што „црвено-црните“ имаа одлична година зад себе, како и дел од играчите. Особено оние младите фудбалери кои што играа на Европско првенство, а беа и во сениорската репрезентација. Спировски некаде таму во септември замина во таборот на Ференцварош, а сега и Бобан Николов направи трансфер во Видеотон. И толку од заработката на Вардар од продажба на играчи. Навистина чудно и нереално е да не се заработи од таква една година. А, да потсетиме дека тимот играше и во групната фаза од Лигата на Европа каде што се присутни голем број на менаџери, на тренери.
Уште почудно е тоа што Вардар остана и без играчите. Без оние кои ја испишаа историјата на Македонија и играа на Европското првенство. Така „црвено-црните“ од тие играчи што играа на ЕП во Полска сега ги имаат само Игор Алексовски и Дарко Велковски. Другите си заминаа, и она што е најлошо е тоа што од сите тие заминувања тимот заработи „мизерни“ 100.000 евра. Ги нема веќе Демири, Петковски, Муслиу... Го нема Николов, Велковски ќе го нема од лето. Талентите си заминаа, а парите никаде ги нема. Тоа е уште еден доказ за лошата трансфер политика на тимот во последно време. Додека помалите тимови како Вардар заработуваат од продажба на играчи, во Вардар тоа не е случај

После ЕП и после ЛЕ

Навистина Вардар заслужува една критика со оглед на фактот дека не продаде ниту еден играч, односно не заработи добро, иако сега на сметката требаше да има неколку милиони. После една таква успешна година, после една одлична историска сезона да не се продадат барем петмина фудбалери, од кои еден во некој голем клуб, е навистина за критика. И не само тоа, туку Вардар остана и без играчите, и без пари. Навистина е чудно и нереално „црвено-црните“ да не заработат од Демири, од Петковски, Велковски, повеќе од Николов, особено од Муслиу кој што во меѓувреме стана и стандарден во сениорите. Проблем беше договорот со стоперот, па тој начека ситуација и „кидна“. И тоа во ривалот на Вардар. Некој за тоа мора да одговора.

Се „офајдија“ единствено од Николов

Вардарци единствено заработија „ситно“ само за трансферот на Бобан Николов во Видеотон. И тоа малку пари, 100.000 евра. Но со оглед дека на лето Николов беше слободен фудбалер, оваа сума е добра, иако требаше да заработат многу повеќе. Како и да е, Вардарци останаа без својата „оска“ во средината на теренот, со оглед дека за приближно истата сума беше продаден и Стефан Спировски во Ференцварош неколку месеци порано. А, токму таа врска беше најсилното оружје на Вардар, иако тимот на нивна продажба заработи не повеќе од 250.000 евра.

Муслиу „кидна“ без поздрав

Висар Муслиу одеднаш го снема од Вардар. Иако бил очекуван на тренинг, сепак, него го немало. Стоперот заминал без да се поздрави, без да најави дека заминува. Но, македонскиот репрезентативец го искористи лошиот договор кој што тимот го имаше потпишано со него, и се реши да си бара нова средина. Иако се шпекулираше со големи тимови, сепак, тој на крајот заврши во таборот на Приштина, за потоа да биде позајмен на тетовска Шкендија. И сега ќе игра во тимот на ривалот на Вардар, и тоа си отиде без пари, односно Вардар не виде ниту денар од него. Напротив, вложуваше во него, му даваше плата во изминатите месеци, а тој „кидна“ без никакво обесштетување. Тука вина си има и Вардар кој што требаше да потпише нов договор со стоперот, и со тоа да го „врзе“.

Отворија врата за Петковски и за Демири

Зимава од Вардар си заминаа уште двајца младински репрезентативци. После долго време „црвено-црните“ ги напушти Петар Петковски. Петковски беше дел и од младинските категории на шампионот, играше четири години, меѓутоа Вардарци се решија да му ја отворат вратата. И тоа без пари. Така тимот ќе заработи ништо ситно само за тренинг компензација, а Петковски своите квалитети ќе ги покажува во уште еден ривал на Вардарци - тимот на Работнички.
Бесир Демири исто така си замина од Вардар. Дојде на голема врата, како големо засилување, но по само една година „црвено-црните“ се решија да се ослобдат од него. Тој ќе продолжи во Украина, а погодете колку ќе заработи Вардар од трансферот!? - Ништо. Е, така не треба. Не се крева раце од младите играчи, од младинските репрезентативци кои што беа дел од Европско првенство.




Датум: 04.02.2018, 10:19
Статијата е прочитана 3958 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense