| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.09.2017

Шкендија во „пеколот“ на „Тумбе Кафе“

*Лидерот во Битола оди по рекорд, во случај на триумф над домаќинот Пелистер, Шкендија ќе има најдобар биланс во историјата на Првата лига во првиот круг. Денеска се играат уште три меча од 9. Коло

Денеска се играат четири меча од 9. Коло во Првата лига, со овие мечеви завршува првиот круг од тековниот шампионат. Дербито се игра во Битола, каде Пелистер го пречекува лидерот, тимот на Шкендија. Тетовци имаат големи мотиви за триумф, не само што сакаат да му се одзмаздат на Пелистер за поразот во последното Куп финале, туку и поради тоа што бркаат рекорд. Имено во случај на победа во „пеколот“ на „Тумбе Кафе“, Шкендија ќе го има најдобриот биланс во историјата на Првата лига во првиот круг, и тоа откако се игра во овој формат.


Интересно ќе биде и на Автокоманда, каде по шест години скопските ривали Скопје и Работнички ќе ги одмерат силите во прволигашки меч. Во Тетово “гипсарите“ ја дочекуваат Победа, додека во Кратово гостува пролетниот хит Академија Пандев. Утре пак со дуелот Вардар – Шкупи се затвора колото но и првиот круг од првенството.

ДВОЈКИ ЗА 9. КОЛО – ДЕНЕСКА (15:00 Ч)
ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА
СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ
СИЛЕКС – А.ПАНДЕВ
РЕНОВА – ПОБЕДА

УТРЕ (15:00 Ч)
ВАРДАР - ШКУПИ

 



Датум: 30.09.2017, 12:12
Статијата е прочитана 1581 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense