| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.02.2017

Мицевски потпиша за белоруски Минск


Нов клуб за нашиот интернационалец

Дарко Мицевски е нов член на тимот на Минск. Играчот за врска и поранешен македонски младински репрезентативец потпиша за белорускиот состав и веќе е една недела е дел од тренинг кампот на екипата која е на подготовки во Анталија. Нашиот интернационалец веќе постигна и гол на првиот подготвителен меч против рускиот тим Амкар.
„Презадоволен сум од она што ми се случи зимава. Пронајдов екстра клуб каде што ќе ја продолжам мојата кариера и каде што се надевам дека ќе ја оведам истата на уште едно повисоко ниво отколку досега. Белорускиот фудбал е во голем подем и мислам дека не погрешив што ја одбрав оваа опција. Потпишав едногодишен договор со клубот со опција да останам уште една потоа доколку се договорам“, изјави Дарко Мицевски за „Македонски спорт“.



Датум: 28.02.2017, 19:20
Статијата е прочитана 1998 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense