| контакт | маркетинг
КОШАРКА

19.03.2017

Работнички лесно со Куманово, „соколите“ и натаму без грешка

Работнички ја забележа првата победа во Суперлигата, откако на домашен терен го совлада Куманово со 87-69. Карпош Соколи беше подобар од Фени со 90-78.

Работнички ја забележа првата победа во Супер-лигата, откако домашен терен го совлада Куманово со убедливи 87-69 (22-14, 19-20, 24-16, 22-19). Мишановиж со дабл-дабл од 29 поени и 11 скока беше најефикасен кај домашниот тим, на другата страна Марјан Јанески имаше 23 поени и девет скока.
Фени Индустри повторно беше поразен од Карпош Соколи и тоа во салата „Јасмин" сезонава со 90-78 (22-21, 22-27, 21-20), овој пат во рамките на 2. коло во Суперлигата. Пери со 17 поени беше најефикасен кај Соколи, два поени помалку имаше Трајковски. Кај домашниот тим Николовски имаше 18 поени.



Датум: 19.03.2017, 20:44
Статијата е прочитана 187 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense