| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.09.2017

ФЕНЕР ТЕСТИРА УШТЕ ЧЕТИРИ ДЕЦА ОД МАКЕДОНИЈА

*Зделката со Елиф Елмас ги отвара портите кај турскиот гигант. Во академијата на Фенербахче тренираат Бесник Ферати (17), Бесир Исени (17), Алтин Сафо (17) и Берат Исмаил (19). Сите се од екипата на Шкупи.

Во Фенербахче само неколку месеци по успешната акција наречена Елиф Елмас веднаш се нафрлија кон Македонија и кон пронаоѓање на нов „Елиф Елмас“. Екипата на Фенербахче кон средината на овој месец одигра тест меч со младинците на Шкупи. Турците славеле со 4:1 но четворица фудбалери од Шкупи добија покана да останат на проба во Фенербахче.
Турските медиуми објавуваат дека станува збор за Бесник Ферати (17), Бесир Исени (17), Алтин Сафо (17) и Берат Исмаил (19). Заедничко за сите тие со Елиф Елмас е тоа што се откриени од истиот учител. Познатиот Сетко од „Тефејуз“ кој го пронајде Елиф Елмас, фудбалерот кој со трансферот во Фенербахче ги отвори портите во Турција за сите малди фудбалери од земјава.


 



Датум: 27.09.2017, 14:45
Статијата е прочитана 2628 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense