| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.03.2017

Ангеловски го повика Стјепановиќ за Лихтенштајн

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски, одлучи во тимот да го вклучи фудбалерт на Вроцлав.

Иако се очекува делегатот на натпреварот во Вадуц да одлучи дали нашиот репрезентативец Стефан Спировски може да настапи со имобилизатор на шаката кој мора да го носи поради повредата на десната шака., сепак селекторот Игор Ангеловски одлучи да го вклучи во тимот и Остоја Стјепановиќ од полски Вроцлав. Стјепановиќ денеска ќе му се придружи на репрезентативниот состав и ќе биде во комбинација за настап против Лихтенштајн.

А репрезентацијата денеска во 13:00 часот ќе тренира на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.



Датум: 21.03.2017, 09:27
Статијата е прочитана 772 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense