| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.10.2017

МАКЕДОНСКИТЕ НАВИВАЧИ СЕ ВЕЌЕ ВО ТОРИНО

*Северниот дел на Италија е полн со наши иселеници. Околу 2000 наши фанови се очекуваат на „Олимпико“ во Торино. „Фалангата“ пристигнува...

Од Торино
Горан Бошев

Најбројни ќе бидат нашите навивачи од Пјаченца каде со пет автобуси има организиран превоз кон Торино. Првите наши навивачи се веќе на стадионот. Развиорени наши знамиња, песни... Околу 1.200 наши иселеници кои работат во Италија, Швајцарија, Германија и Словенија се тука или на пат за Торино. Македонските фудбалери не се само. Нашите фудбалчери треба да ги направат горди сите овие кои дојдоа да навиваат за нив.

Проблем е тоа што на сите трибини се вејат нашите знамиња. Не се на исто место, на иста трибина...
Квалификацискиот меч Италија - Македонија почнува од 20:45 часот.



Датум: 06.10.2017, 20:09
Статијата е прочитана 1111 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense