| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.02.2017

Шукер: УЕФА има одлична соработка со ФФМ

Легендата на хрватскиот фудбал, а сега претседател на Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС), Давор Шукер зборуваше на изборното Собрание на ФФМ

Шукер го честиташе пласманот на младата репрезентација на Македонија на Европското првенство и посебно ја посочи организацијата на Супер купот на УЕФА во август во Скопје како значаен чин.
„УЕФА има одлична соработка со ФФМ. Квалитетен партнер со луѓе кои имаат многу елан да ги подобруваат состојбите во фудбалот. Уефа секогаш ќе ги поддржува добрите идеи и квалитетните проекти. Искрено не се сеќавам да имало позначаен настан во регионот од Супер купот што ќе се игра во Скопје. Тоа е бенефит за цел регион и Македонија треба да се гордее. И секако да не заборавам да ви честитам на успехот на младата репрезентација. Ќе навивам за Македонија  во Полска на ЕП. Токму вложувањата во развој на младинскиот фудбал е вистинскиот правец за развој на фудбалот“, изјави Шукер, кој е член на Извршниот комитет на УЕФА.



Датум: 18.02.2017, 10:13
Статијата е прочитана 1104 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense