| контакт | маркетинг

16.07.2017

Јотовски со историски подвиг

Најдобриот македонски тенисер, Томислав Јотовски, конечно ја освои својата прва сингл титула во кариерата.

После четири загубени финалиња (во Ваљево, Тунис, Добој и Сомбор) на турнири со награден фонд од 10.000 долари, Јотовски во петтиот обид, а прво финале на турнир од 15.000, го освои првиот победнички турнир.
Јотовски во финалната пресметка на ИТФ фјучрсот во грузискииот град Телави, во неверојатно драматичен четиричасовен меч со три тај-брејка, го совлада Гиљермо Оласо од Шпанија со 7-6, 6-7, 7-6.
Откако во полуфиналето го порази вториот носител Федерико Себаљос, се чинеше дека патот на Јотовски до првата титула во кариерата му е отворен. Но, победата не само што не беше лесна, туку Јотовски се мачеше како веројатно никогаш претходно во кариерата.
„Мислам дека ова ми беше најдолг меч во кариерата. Многу беше тежок дуелот, како физички, така и психички. Ќе го паметам цел живот. Имав убедливо водство во тај-брејкот во вториот сет, но ме фати трема, а и противникот заигра подобро, па несреќно го загубив сетот. Кога го освоив последниот поен, бев како во шок, не ми се веруваше што сум направил. Пресреќен сум, ќе се трудам да не останам само на овој трофеј“ - изјави Јотовски.



Датум: 16.07.2017, 16:30
Статијата е прочитана 1617 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense