| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.01.2018

Станковски: Уште напаѓач и толку од предниот рок...

„Доведовме тоа што го сакаме, недостига можеби уште едно име во нападот па да кажеме дека сме завршиле со зимскиот преоден рок“ вели тренерот на „романтичарите“ Горан Станковски

Работнички во досегашниот дел од зимскиот преоден рок се засили со четири нови имиња. Сите тие веќе се во „погон“ и тренираат со останатите „романтичари“.
Дали за Работнички е завршен преодниот рок, дали ќе ангажира уште нови имиња свој став има Горан Станковски, стратегот на „романтичарите“.
Со Шаркоски, Красниќи, Асани и Крмар доведовме тоа што го  сакаме. Сега на секоја позиција сме добро покриени. Недостига можеби уште едно ново име во нападот па да кажеме дека сме завршиле со зимскиот преоден рок. Во врска со подготовките можам да кажам дека тешкото мина, во целост го исполнивме планот кога станува збор  за физичкиот дел, сега следува воигрување на составот и преку пријателски натпревари“ посочи Станковски.



Датум: 19.01.2018, 15:32
Статијата е прочитана 940 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense