| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.02.2017

Деби гол на Силва за победа на Пелистер

Се играше 90+2.минута кога „кариоката“ успеа да постигне убав гол за триумф на Пелистер од 2:1 на дуелот со Брегалница

Благодарение на Фернандо Силва и неговиот деби гол, Пелистер успеа да дојде до тешка победа над Брегалница со 2:1 на денешниот меч во Охрид, прв од 20. Коло. Се играше 90+2 минута а резултатот беше 1:1, кога Силва од околу 12-13 метри нешто одлево постигна убав гол за многу важна победа на Пелистер над Брегалница, која пак цели 88 минути играше со играч помалку.

Пелистер поведе многу рано, а на голот на Баже Илијоски му претходеше катастрофална грешка на голманот на „сините“ Матеја Кобетиќ кој играше со рака надвор од казнетиот простор. Тука немаше дилеми за судијата Мечкаровски кој му покажа директен црвен. Минаа четири минути до изведувањето на слободниот удар. Топката беше на 17 метри, Божиновски кусо го проигра Илијоски а овој шутираше и успеа да го совлада нововлезениот Апостоловски за водство од 1:0. Резултат со кој се замина на пауза.
Во второто полувреме Пелистер како да се задоволи со ова водство и и даде шанса на Брегалница да израмни. Тоа му успеа на Далчески во 58. Минута по неговиот прецизен шут од 15-16 метри, Пашовски беше немоќен.
Откако виде дека ѓаволот ја однесе шегата, Пелистер буквално се пресели во казнетиот простор на гостите. Се редеа шансите на Илијоски, Маркоски па на Силва кој дури од третиот обид успеа да го постигне својот прв гол за победа, прва на Пелистер оваа пролет во својот втор натпревар.



Датум: 25.02.2017, 16:07
Статијата е прочитана 2231 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense