| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.01.2017

Обединети на фудбалот: Бараме одложување на Собранието на ФФМ

Обединети на фудбалот со свои барања до ФФМ

До Фудбалска Федерација на Македонија

-Претседател господин Илчо Ѓорѓиоски   

            Со оглед на актуелните состојби во Македонскиот фудбал, како и активностите на ФФМ за свикување на редовно-изборно Собрание, кое е апсолутно нерегуларно, од Вас бараме:

1.Неотповиклива оставка на господин Илчо Ѓорѓиоски од местото Претседател на ФФМ.
2.Одлагање на Собранието на ФФМ закажано за ден 18.02.2017.
3.Формирање на заедничка комисија составена од членови на УО на ФФМ и видни фудбаски имиња од Македонија за воспоставување критериуми и подготовка на регуларно редовно Собрание на ФФМ, меѓу кои и апсолутно исфрлање на политичкoто влијание oд фудбалот.

Рок за одговор на барањето е 03.02.2017.
Во случај да не го прифатите нашето барање, ќе бидеме принудени, сите материјални и други докази за нерегуларноста на ова Собрание на ФФМ, но и претходното, да ги доставиме на ФИФА, УЕФА и надлежните домашни институции.
Истите ќе бидат доставени и до јавните гласила.
Комплетната одговорност за последиците по Македонскиот фудбал, во тој случај ќе падне на оние кои ги продуцираа нерегуларностите.
Се надеваме дека во интерес на Македонскиот фудбал ќе го прифатите нашето барање, со што ќе спречите тешки последици по Македонскиот фудбал, за кои сте свесни и за кои ќе бидете одговорни.



Датум: 27.01.2017, 17:40
Статијата е прочитана 2098 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense