| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.04.2017

Шкендија по заверка, Вардар по чудо

По оние скопски 3:1, тетовци се во голема предност, на Вардар пак му требаат најмалку три голови, како знае и умее да ги постигне. Уште еден интересен дуел меѓу најквалитетните екипи во земјава, вкупно петти сезонава


Шкендија и Вардар денеска попладне во градот под Шара треба да решат кој ќе биде учесник во големото куп финале бр.25 во самостојна Македонија. И кој ќе влезе на тој меч како големи фаворит ако се знае втората полуфинална двојка е Пелистер - Брегалница.
Здравиот разум вели дека Шкендија е во предност, и тоа во голема предност и не само поради таа победа од 3:1 на првиот полуфинален меч одигран во Скопје пред еден месец и повеќе. Значи тетовци може да загубат со 0:2 па пак да се радуваат. Но кој може да му ги украде соништата на Вардар? Скопските „црвено - црни“ откако речиси ја обезбедија титулата во првенството сега сакаат со реклаксирана игра да ја изненадат Шкендија. А кога играат овие две екипи се е можно, па и тие 1:3 за Вардар.
Денешниот дуел ќе биде вкупно петти меѓусебен меѓу Шкендија и Вардар. Домашниот терен, поддршката од публиката, резултатот, се и оди Шкендија во прилог, но фудбалот е чудна работа. Готово е кога навистина е готово.


ЖУНИОР: МУДРО ДО НОВО ФИНАЛЕ
Па така во една таква атмосфера се очекува денешниот меч во редовите на Шкендија. Сите се свесни дека оваа шанса што ја имаат не смеат така лесно да ја испуштат.
„Треба да одиграме тактички мудро, не смееме по никоја цена да се залетуваме. Предноста од првиот меч е наша страна, играме дома пред своите гледачи. Треба само една максимална концетрација. Не смееме да влеземе во овој натпревар опуштено. И покрај тие 3:1 за нас на првиот меч ништо уште не е готово, ова ќе бидат тешки 90 минути. Вардар секако дека во Тетово ќе дојде да се обиде да направи сензација, чудо, наше е во тоа да го спречиме противникот. Не криеме дека сакаме ново финале и со една добра, квалитетна игра можеме да ја оствариме целта“ изјави за клупската интернет страница Стенио Маркос Жуниор, крилниот напаѓач на тетовските „црвено - црни“.


ГЛИГОРОВ: НИШТО НЕ Е НЕВОЗМОЖНО
На Вардар ќе му треба „магија“, ќе му треба чудо за да ја анулира предноста на Шкендија и да се пласира во големото финале, за кое „сонува“ веќе десет години. Од 2007 година па наваму „црвено-црните“ како да ги следи Куп проклетство, кое што еве е на добар пат да потрае и оваа сезона. Со оглед дека на првиот меч имаат негатива од 1:3, денеска во Тетово ќе им требаат најмалку три гола за надеж за пласман понатаму.
„Одиме да направиме, од оваа гледна точка, сензација. Резултатот од првиот натпревар кажува дека одиме по невозможното, меѓутоа се случиле и поголеми чуда од оваа, па зошто да не и ние да направиме едно такво денеска. Ќе биде исклучително тешко затоа што играме против една добра екипа и тоа на нејзин терен и ќе ни требаат најмалку кола. Но, ништо не е невозможно, па  така и ова. Повторно ќе кажам и покрај тоа што знаеме во каква улога сме, ќе дадеме се од себе. Иако сите веќе предвреме не отпишаа, сепак, ние можеме да ветиме дека ќе пружиме максимум, па ќе видиме што ќе излезе на крајот“, вели фудбалерот од средниот ред на Вардар, Никола Глигоров.

ВАРДАРЦИ ПО РЕПРИЗА ОД 2015 ГОДИНА
Само еднаш Вардар успеал да триумфира на гостински терен со три дадени гола против Шкендија. Тоа се случи во август 2015 година кога Вардарци го остварија денешниот посакуван резултат - 1:3. Сепак, треба да се има во предвид фактот дека тоа беше натпревар одигран во Куманово, со два гола постигнати во финишот од средбата, иако цело време беше 1:1 со шанси за тетовскиот тим, а во самиот финиш Фелипе и Ромеро успеаја да го израдуваат Вардаровиот тим.
Меѓутоа од друга страна, пак, Вардар никогаш не успеале да и дадат три гола на Шкендија на натпреварите одграни во Тетово. Но, за се има прв пат, па така едно чудо е можно денеска под Шара, на кое се надеваат играчите на „црвено-црните“.



Датум: 19.04.2017, 14:09
Статијата е прочитана 982 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense