| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.08.2017

„Истатовки“ се збогуваа со пораз

Со три порази во три натпревари, македонскиот женски шампион, Истатов, ги заврши настапите во Лигата на шампионките

Македонскиот женски шампион СЦ ОИстатов, го завршу услеството на квалификацискиот турнир од Лигата на шампионките со нов пораз, трет во третиот одигран натпревар. Овојпат, нашите девојки загубија од шампионот на Фарските Острови, КИ Клаксвик со 6:1. Освен што е пораз со најмала разлика во однос на претходните две одиграни средби против хрватскиот Осиек и против шампионот на Исланд Стјарнан, оваа средба беше каков-таков чекор напред за „истатовки“ поради тоа што го постигнаа и првиот гол во ова натпреварување.

За Клаксвик четири гола постигна Лакјуни, и по еден Јакобсен и Клакстајн.

РЕЗУЛТАТИ
ИСТАТОВ – КИ КЛАКСВИК 1:6
ОСИЕК – СТЈАРНАН 0:1

ТАБЕЛА
1. СТЈАРНАН 3 3 0 0 21:0 9
2. ОСИЕК 3 2 0 1 11:1 6
3. КИ КЛАКСВИК 3 1 0 2 6:14 3
4. ИСТАТОВ 3 0 0 3 1:24 0

 



Датум: 28.08.2017, 19:31
Статијата е прочитана 616 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense