| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.04.2017

Време беше и Пелистер да се израдува

По цели шест меча без триумф, попладнево во дербито на „Пелагонија“ Пелистер со 1:0 ја совлада Победа

Иве Трифуновски е херојот на битолчани. Се играше 78. минута од дербито на „Пелагонија“ кога тој најубаво се снајде пред голот на прилепчани и умешно ја спроведе топката во мрежата на Победа. За три бода, за голема радост под „Тумбе Кафе“.
Со тоа заврши големиот пост од цели шест меча без првенствена победа во пролетниот дел.
Секако дека тренерот Наџи Шенсои имаше право на задоволство по мечот...
„Мислам дека апсолутно заслужено ја победивме Победа. Тоа беше тежок меч за нас, имавме голем број шанси но постигнавме гол дури во финишот. Имено нас кон Европа не водат два пата, едниот во Купот и едниот низ првенството, се надевам дека барем во еден ќе успееме“.

 



Датум: 23.04.2017, 19:23
Статијата е прочитана 2346 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense