| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.01.2018

Јаневски: Правиме напори да донесеме засилувања

„Едниот играч не мина лекарски прегледи и затоа потпиша, но имаме план Б и очекувам во следните денови да ни се приклучи некој нов играч“, изјави шефот на стручниот штаб на „црвено-црните“.

Уште една недела до крајот на подготовките на Вардар во Анталија. Стручниот штаб на  чело со Чедомир Јаневски е задоволен од одработеното, и открива дека во следниот период екипата ќе биде засилена со уште некое ново име како зголемување на конкуренцијата и за подобрување на ефикасноста.

„Не е тајна дека имаме план да донесеме нови играчи. Еден не ги помина лекарските прегледи и не потпиша. Затоа тука е планот „Б“ и очекувам во следниот период Вардар да добие уште некое ново име во своите редови. Не би сакал сега ништо подетално да откривам, сите ќе дознаат кога ќе биде и официјално дел од нашиот клуб. Правиме напори да донесеме засилувања, за да направиме компактибилен тим. Свесен сум дека не е лесно, затоа што како што реков и порано во зимскиот преоден рок тешко се наоѓаат квалитетни играчи кои се во натпреварувачки ритам. Имаме неколку млади играчи кои што можат да ни помогнат, иако знам дека со уште еден - двајца нови и искусни играчи на клучните позиции, ќе бидеме уште посилни“, изјави Јаневски за клупската интернет страница.

Околу досегашниот тек на подготовките, Јаневски со став:

„Планот што го направивме пред доаѓањето тука во Анталија, на среќа и на мое задоволство оди по нормален тек. Сè што е планирано до сега е исполнето. Работиме во добра атмосфера, новите играчи одлично се вклопија, исто така и младите фудбалери од нашата школа добро работат. Можеме да бидеме задоволни до сега, и главната цел до сега во првите десетина дена ни беше да се подобриме на физички план што ќе биде многу важно за вториот дел од првенството. Низ првите три натпревари сакавме да им дадеме шанса на сите играчи, правевме многу измени во текот на мечевите и затоа можеби и резултатски не поминавме добро.“. смета Јаневски.

Јаневски истакна дека екипата мора да ја поправи и реализацијата, и токму од тука можеби ќе биде зголемена конкуренцијата со уште некој нов фудбалер.

„Секојдневно разговараме индивидуално со секој фудбалер и имаме одлична релација помеѓу стручниот штаб и играчите. Знаеме дека реализацијата е проблем. Одбраната ќе биде повторно солидна, ама во нападот имаме една стара болка. И кога победувавме во првиот дел од сезоната, ретко тоа го правевме со голема разлика. Од мене и од Вардар се бара да ги добиваме натпреварите порано, а не да стравуваме до крајот. Иако имаме доста играчи во нападот, имаме проблем со тоа последно додавање. Затоа останува уште една недела тука и потоа кога ќе се вратиме во Скопје, да посветиме уште поголемо внимание на тој план. Бидејќи не можеме да очекуваме на секој натпревар да правиме по десетина шанси. Треба да бидеме свесни дека бодови се освојуваат со голови и затоа сметам декаќе треба да се подобриме, и секако, ако е можно да ја зголемиме конкуренцијата во нападот, и покрај тоа што повторно ќе кажам имаме доста играчи во офанзивната линија и сите добиваат шанса низ овие подготовки“, рече тренерот на Вардар.



Датум: 29.01.2018, 13:32
Статијата е прочитана 954 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense