| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.04.2017

Куп-финалето се сели на исток?

Во преден план е Штип, но ако Брегалница се најде во финалето тогаш и Струмица е во „игра“

Најверојатно по шестипат во историјата на самостојна Македонија големото Куп финале ќе се игра надвор од Скопје. Имено, како што дознавме, врвот на Фудбалската федерација на Македонија има намера годинашното јубилејно 25. издание од финалето во Купот, кое е закажано за 17 мај, да го премести некаде на истокот на земјата. Штип е во преден план, особено ако се знае дека таму има нов навистина екстра квалитетен терен, но може да се игра и под рефлектори. Но, нека не се радуваат штипјани предвреме, имено во случај ако Брегалница успее да го мине Пелистер во полуфиналето и се да најде во завршницата, тогаш големото финале би се играло во Струмица. Но, за тоа дефинитивно ќе се знае на 19 април кога се закажани реваншите меѓу Шкендија - Вардар и Пелистер - Брегалница. Инаку, досега освен во Скопје големите куп финалиња се играле двапати во Прилеп, еднаш во Струмица и еднаш во Штип.


 



Датум: 01.04.2017, 12:16
Статијата е прочитана 5462 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense