| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.12.2017

ПАНДЕВ: НАПОЛИ ЗАСЛУЖУВА СКУДЕТО

Mакедонецот посакува титулата во Серија А да патува во Неапол

Горан Пандев образложи дека оваа сезона посакува Наполи да биде шампион во Италија. Тој играше во оваа екипа и добро знае дека таа го заслужува скудетото повеќе од кој било тим во Италија.
„Интер е во предност затоа што не игра во Европа. Лацио е изненадување само за оние што не го познаваат Инзаги. Наполи имаше неколку кикса, но според мене, игра најдобар фудбал и најубав за око. Јас бев таму и знам колку ја чекаат навивачите на овој тим титулата и живеат за да го видат својот тим на првото место. Мислам дека оваа сезона го заслужуваат повеќе од кој било друг тим“, изјави Пандев за „Газета дело спорт“.
Пандев беше во Наполи од 2011 до 2014 година и играше во Лигата на шампионите со него. Со овој тим го освои Купот, но и успеа да освои сѐ што можеше да се освои, односно Купот, првенството и Лигата на шампионите.



Датум: 12.12.2017, 17:00
Статијата е прочитана 596 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense