| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.09. 2017

Треневски: Го воигруваме „новиот“ Работнички

„Секако дека и јас не сум задоволен од резултатите на стартот од сезоната, но треба да се знае дека има многу нови лица во тимот. Сето тоа треба да се уигра, да се наместат коцките. Само треба многу работа“, вели стратегот на „романтичарите“

Работнички во досегашниот дел од сезоната, пред сѐ мислиме во шампионатот, на три меча освои само два бода. Загуби од Шкупи, а играше реми со Ренова и со Пелистер.
„Секако дека и јас не сум задоволен од резултатите на стартот од сезоната, но треба да се знае дека има многу нови лица во тимот. Сето тоа треба да се уигра, да се наместат коцките. Само треба многу работа. Сите ние сме под притисок, и така треба да биде, тоа е нормално. Првенството е долго, многу нешта ќе се сменат. Реков дека само треба напорно да работиме, она што е добро да биде уште подобро, а тоа што не чини - да го тргнеме настрана. Некои елементи итно треба да се поправат. И ќе го правиме тоа. Лани, по трите стартни победи, следуваше лоша серија. Ова го велам затоа што работите во фудбалот се менуваат“ истакнува Виктор Треневски, шефот на стручниот штаб на тимот од Градски парк.



Датум: 15.09.2017, 19:19
Статијата е прочитана 801 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense