| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.08.2017

Максимов од Тракаи пред промоција во Вардар

Станува збор за руски напаѓач кој што во моментов настапува во литванскиот тим и имаше одлична сезона во Лигата на Европа

Максим Максимов, досегашниот напаѓач на Тракаи, ја чека промоцијата во таборот на  Вардар. Актуелниот првак ќе се засилува со овој голгетер кој што постигна два гола во дуелите со Шкендија во Лигата на Европа.

Максимов е веќе во Скопје и ќе треба само да ги договори последните детали и да „парафира“ со нашиот претставник во групната фаза од ЛЕ.

Во меѓувреме Којашевиќ веќе замина од Вардар, а според најавите, и Ѓорѓе Ивановиќ би можел да стане дел од „црвено-црните“.



Датум: 30.08.2017, 13:10
Статијата е прочитана 758 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense