| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.03.2017

НАЈАВАТА ОСТВАРЕНА: Симоновски се договори со Лахти

Фудбалерот во оваа натпреварувачка година ќе настапува за финскиот тим

Трансферот на Марко Симоновски во Лахти кој го најави „Македонски спорт“ се оствари. македонскиот фудбалер до крајот на сезоната ќе настапува во финскиот тим откако условите беа успешно договорени.
Со тоа, Марко ќе ја продолжи својата интернационална кариера која започна со трансферот од Металург во Амкар Перм. Потоа следеше заминување во Хрватска, поточно во РНК Сплит а минатата година беше дел од екипите на Жетјсу и Шахтер Караганди од Казахстан.
За сениорската репрезентација на Македонија Симоновски има одиграно три натпревари.



Датум: 28.03.2017, 12:29
Статијата е прочитана 558 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense